Unique17-MAJ-issuu

39
НАЈЖЕШКИТЕ БОИ, ДЕЗЕНИ И КРОЕВИ ШТО ЌЕ ВЕ ИНСПИРИРААТ НАЈЖЕШКИТЕ БОИ , ДЕЗЕНИ И КРОЕВИ ШТО ЌЕ ВЕ ИНСПИРИРААТ

description

http://www.notformen.mk/Unique17-MAJ-issuu.pdf

Transcript of Unique17-MAJ-issuu

Page 1: Unique17-MAJ-issuu

НАЈЖЕШКИТЕ БОИ, ДЕЗЕНИ И КРОЕВИ ШТО ЌЕ ВЕ ИНСПИРИРААТНАЈЖЕШКИТЕ БОИ, ДЕЗЕНИ И КРОЕВИ ШТО ЌЕ ВЕ ИНСПИРИРААТ

Page 2: Unique17-MAJ-issuu

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕНА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА

ОВА Е СКРАТЕНАВЕРЗИЈА НА СПИСАНИЕТО

ЗА ЖЕНИ - UNIQUE

Page 3: Unique17-MAJ-issuu

FashionU N I Q U E

Accesories

Miss Sixty снопче пластични алки 3.590 ден. / Terranova цветни 349 ден. / Motivi крем и кафено 1.050 ден. / Accessorize розе, златно и тиркиз 790 ден. / Accessoires бордо алка 870 ден.

Accessoires сино златни 870 ден. / Accessorize сино, крем, лила 740 ден. / Accessoires тигреста 150 ден. / Accessorize крем со златно 890 ден.

Page 4: Unique17-MAJ-issuu

Leona Lewis сфати дека едноставното нема да ѝ помогне да продаде плоча повеќе, па реши драстично да го промени својот изглед. Ексцен­трична од глава до пети, Leona е подготвена за нови подеми.

Kim Kardashian многу почесто ја гледаме облече­на во црно или бело, но трендовите го прават своето, па таа додаде не­колку дречливи парчиња во својот плакар. Така, Kim се поднови со овој жолт фустан со потпис на Ina Soltani.

Blake Lively во последно време почна да учи како една ѕвезда треба да изгле­да на црвениот тепих, а за овој избор би ѝ дале чиста петка. Си­ната боја одлично прилега на кројот на нејзиниот фустан.

Halle Berry е можеби една од најженствените појави на де­нешнината, а кога ќе облече црвено уште повеќе се истак­нува оваа нејзина карактери­стика. Нема ништо посекса­пилно од црвен фустан се до­дека е совршено припиен за секоја ваша облина.

Camilla Belle изгледа прекрасно во кратко зе­лено фустанче, што прави да ја занемариме нејзината обична, здодевна фризура. И плик чанта­та е тука да ја „спаси“ ситуацијата разигрувајќи ја комбинацијата.

Kristin Davis покажа дека розовата боја е доволно гламурозна за да ја носите на кој било свечен на­стан. Можеби ќе кажете дека не одговара на нејзината возраст, но ние не би се со­гласиле – од неодамна розо­вата прилега секому.

Milla Jovovich ни оддалеку ја нема фигурата што ја имаше пред неколку годи­ни, но и понатаму мами погледи на црвениот тепих. Портокалови­от фустан суптилно го истакнува нејзиното убаво лице, околу кое нема ниту едно парче накит.

Katy Perry не престанува да изне­надува со своите ком­бинации, и постојано отскокнува од она што се нарекува холивуд­ско модно правило. И овој пат не погреши­ла, не многу ѕвезди носеа тиркизна боја пред неа.

Светло жолт фустан на доделувањето на Оскарите? Зошто да не... Новиот моден тренд што ги направи дречливите бои поактуелни од

кога било, а вам ви е потребно само малку повеќе храброст за да ги носите во секоја прилика. Кога славните тоа го прават на црвениот

тепих, вие може да го правите секаде.

ИНТЕНЗИВНИТЕ БОИ

ЦРВЕНИОТ ТЕПИХвладеат на

Page 5: Unique17-MAJ-issuu

Свршувачкитепрстенина познатите

Погледнете ги едни од најгламурозните и најскапи камења

на холивудските дами. Нема „да“, ако не е големо и светкаво.

Penelope CruzНе е ни чудно што му од-говори со „Да“ на актерот Javier Bardiem. Прстенот од сафири и дијаманти вреди

34,000 долари.

Fergie4 каратниот прстен од

брилијанти е импресив-но светкав, благодарение на нејзиниот сопруг Josh

Duhamel. Само една личност не беше импресионирана од

него, а тоа е Paris Hilton.

Beyonce Knowles18 каратниот прстен на пејачката е креација на

Lorraine Schwartz и негова-та вредност се проценува

на 5 милиони долари.

Maria Sharapova Тенисерката е во врска со кошаркарот на Los Angeles Lakers, Sasha Vujacic. Кога тој реши да ја побара за

жена, се одлучи за прстен од светска класа во вред-ност од 250,000 долари.

Kate MiddletonПринцот William, го искори-сти 18 каратниот сафирен и

дијамантски прстен, за да ја по-бара Kate да му стане сопру-га. Инаку прстенот некогаш и

припаѓаше на прерано почината-та Принцеза Diana.

Megan FoxBrian Austin Green, ја побара актерката држејќи во рацете

прстен што чини 80,000 дола-ри. Подоцна следуваше и вен-чавката на плажите на Хаваи.

Нема некој што не се воодушевува од фигура­та на Beyonce Knowles, но дали некогаш сте се запрашале како изгледаат нејзините стапала?

Мега ѕвездата моментално е во Париз, каде фо­тографите ја уловија на прошетка со сопру­

гот Jay­Z. Нас впечаток ни оставија нејзините 14 сантиметри високи потпетици на платфор­

ма, креација на Christian Louboutin Lady Daf Platform Mary Janes, во пудра боја. Можеби делу­ва ужасно тешко да се носат, но тоа не е проблем

за Beyonce која вечно и е посветена на модата.

Само таа може да ги носи! И Eva Mendes реши да го освојува црвени­от тепих со жешка црвена боја. Ќе се со­гласите дека ја избрала нијансата што најдобро одговара на нејзиниот тен и тем­перамент. Иако сите очекуваа да ја видат во тесен припиен фустан со длабоко де­колте, Eva за премиерата на филмот „Last Night“ на Tribeca филмскиот фестивал во Њујорк, ги изненади присутните со долга, луксузна тоалета од Gucci во стилот на 70­тите. Фустанот е составен од неколку сло­еви проѕирен шифон, а актерката го има­ше надополнето со Jimmy Choo сандали на платформа и интензивен црвен кармин.

Eva Mendes во отмено издание

Eva Mendes во отмено изданиеИ Eva Mendes реши да го освојува црвениот тепих со жеш­ка црвена боја. Ќе се согласите дека ја избрала нијансата што најдобро одговара на нејзиниот тен и темперамент. Иако сите очекуваа да ја видат во тесен припиен фустан со длабоко деколте, Eva за премиерата на филмот „Last Night“ на Tribeca филмскиот фестивал во Њујорк, ги из­ненади присутните со долга, луксузна тоалета од Gucci во стилот на 70­тите. Фустанот е составен од неколку слое­ви проѕирен шифон, а актерката го имаше надополнето со Jimmy Choo сандали на платформа и интензивен црвен кармин.

16 UNIQUEМАЈ 2011

Page 6: Unique17-MAJ-issuu

Најпосакуваните сингл принцови

Принцот William и Kate Mid dleton станаа новото медиумско чудо.

Но, нивната свадба не значи крај на фантазиите за живот како од бајките, барем не штом се уште

има слободни принцови.

Британскиот принц HarryИ дека неговиот брат е пример за скромен и посветен принц, тој привлекува внимание со свои­те алкохолизирани полноќни авантури. Светот го сака ток­му поради тоа што не подлегна на конзервативните норми на кралското семејство.

Грчкиот и дански принц Philippos25 годишниот принц со титули од две кралства, е студент на амери­канскиот универзитет Georgetown.

Девојките се воодушевени од него­виот шарм и мудрост.

Принцот на Монако, Andrea CasiraghiАко чуете дека мајка му е кралицата Caroline а баба хо­ливудската убавица Grace Kelly, нема да се чудите од каде дошла таа убавина. 27­годишниот принц е во врска со американката Tatiana Santa Domingo, но сѐ уште нема никакви гласини дека планираат да се земат.

Принцот на Луксембург, Guillaume

Важи за повлечен човек, осо­бено по неуспешната врска со внуката на кралицата од Нор­

вешка. Честопати била доведе­на во прашање неговата сексуална

ориентација, но не и фактот дека 29­го­дишниот принц е исклучително паметен. Тој зборува германски, француски, шпан­ски, англиски.

Шведскиот принц Carl PhilipНеговата свршувачка беше от­кажана откако принцот беше забележан како се забавува со стриптизета. Жените го обожаваат поради неговиот авантуристички дух. 31­годиш­ниот принц стана и рели возач.

МИНИ ЧАНТА must have за оваа сезона

Минатото лето сите се натпреваруваме со тоа кој ќе се прошета со поголема чанта, но тркало­то на модата се заврти и сега како задолжителен аксесоар за оваа сезона е мини чантичката. Дизајнерите велат дека ова е вистинско олеснување за жените, бидејќи повеќе нема да морате да водите сметка кога ќе се пробивате во гужва или да ја полните чантата со непотребни работи само за да изгледа убаво. Што потен­ка и помала чанта, тоа подобро за да можете на раат да уживате во пијалакот. Мала­та чантичка или Baby bag, како што сакаат да ја нарекуваат луѓето од модниот свет, беше забележана во пролет/лето 2011 колекциите на Chanel, Marc Jacobs и Mulberry.

АРМИЈАТА ЦРВЕНОКОСИ,доби уште еден член

Актерката од хит серијата Gossip Girl, Blake Lively е избрана за највлијателна млада ѕвезда според магазинот „Time.“ Освен со прекрасната тоалета на Zuhair

Murad, таа ги остави зачудени присутните и со новата боја на коса. За магазинот „People“, Blake изјави дека тоа го сторила за по­требите на нејзиниот филм Hick, што доправа треба да излезе. Иако никој не го побарал тоа од неа, сепак таа сметала дека така вистински ќе го долови ли­кот што го толкува. Ќе се согла­сите дека потсетува на сирена­та Ariel? Сепак сметаме дека посекси беше како русокоса. пред потоапотоапред

18 UNIQUEМАЈ 2011

Page 7: Unique17-MAJ-issuu

Опседнатост со неговите бивши

Анксиозност

Секс за време на бременост

...никогаш не сум размислувала за неговото минато, и никогаш не сме разговарале за тоа. Едноставно уживам во моментите со него и не ме интересира ништо друго...

Кики

...анксиозноста почнува тогаш ќе се случи ненадејна промена во вашиот живот

– смрт на некој близок, неуспех, социјални проблеми...

BiljanaGj

...не сакам да чујам за тоа, особено затоа што додека бев бремена со второто дете

имавме секс со сопругот и повредив крвен сад, па предвреме се породив...

cinderella

...имавме секс сѐ до осмиот месец од бременоста, но вистина е дека не се

чувствував многу удобно...sani.a

...еднаш ме изневери и тоа е доволна причина повремено да размислувам за неа. Плус, контактира со една бивша девојка и не можам, а да не се запрашам каква е, дали е

подобра од мене...Tina_aaa

...нема некој што не почувствувал немир во одреден период од својот живот. Мојот најлош

симптом беше чувството како да живеам во сон, како да немав допир со реалноста...

Kikiriki923

...никој не може да ви помогне во таква состојба освен самите вие. Не дека

лековите немаат улога, но решението е во вашата глава...

Edna majka

...ако бременоста е нормална не би требало да има никаков проблем. На

крајот на краиштата, има и други начини да имате секс освен пенетрација...

babyb

www.notformen.comИЗЈАВИ...

Исповед на една мајкаЈа прочитав приказната во минатиот број за девојките кои мислеле дека диеталните пи-лули ќе им помогнат да ги намалат кило-грамите, и не можев да останам рамнодуш-на. И јас самата имав сличен проблем; отка-ко останав бремена се здебелив 30 килогра-ми, а откако се породив не успеав да нама-лам ниту еден. Постпородилната депресија беше само компликација плус – не сакав ниту да го видам ниту да го чујам сопстве-ното дете. Мојот сопруг беше на раб на не-рвен слом затоа што сѐ што беше моја должност како мајка се префрли на негов грб. Јас само лежев, плачев и гладував. Мо-ето бебе растеше; ги пропуштив сите пре-гледи кај педијатарот, ја пропуштив не-говата прва насмевка... и губев килогра-ми. Не сакав да се погледнам во огледа-ло затоа што бев огромна. Се грозев од са-мата себе и кога сопругот ќе ме натераше да каснам нешто колку да преживеам, се криев во тоалет и повраќав. За шест месе-ци ослабев толку многу што луѓето повеќе не ме препознаваа, и после толку разгово-ри со неколкумина психијатри не се гледаше крајот на мојата болест. И тој тогаш крена раце – мојот сопствен сопруг ми кажа дека ќе ме остави и со себе ќе го земе детето до-колку продолжам да се уништувам без при-

чина. Имаше право, на-вистина немав причина. Среќно семејство, новоро-дено дете, сопствен стан, нов автомобил, стабилен приватен бизнис... што очигледно на мојот мозок не му беше доволно. Не го сфатив сериозно, но не ме предупреди два пати пред да го направи тоа. Сега живееме одвоено веќе цел месец, а јас не го об-винувам. Со помошта што ја добивам од моите роди-тели се надевам дека ќе оздравам за што поскоро да го продолжам нормал-ниот живот што го имав-ме... овој пат заедно со на-шето дете.

Edna majka

Како да ѝ ка-жам дека врската ѝ е осудена на пропаст?Немам многу пријателки од причина што одамна никому не верувам. Оние што сум ги чувствувала

најблиски многу пати ме повредиле, и сме-там дека повеќе не постои човек на кого би можела стопроцентно да му се доверам. Се-пак, имам една пријателка што ја познавам нешто повеќе од две години, но во наши-от однос времето не игра никаква улога. Ме разбира буквално за сѐ, никогаш за ништо не сме си замериле и ја сакам како сестра. И таа и јас имаме долги врски, до одреде-на мера проблематични, но не е дека не сме среќни. Јас веќе преживеав и простив едно неверство, а таа се надева дека нико-гаш нема да го доживее истото. Но, јас не-одамна дознав дека дечко ѝ ја изневерил уште на почетокот на врската, и сега не са-кам да бидам таа што ќе и ја уништи слика-та за вечна искрена љубов. Можеби ќе беше поинаку ако не ја знаев нејзината љубовна историја што во себе чува ужасна трагедија. Пред неколку години имала долга врска со дечко кој се разболел и починал, и сериозно ме загрижува нејзината психичка состојба. Ако ѝ кажам дека среќата со овој дечко е само илузија... како може да знам, мислам дека ќе ја дотолчам. Од друга страна, јас би сакала таа да ми каже доколку дознае не-што вакво за мојот дечко, тоа е суштината на пријателството. Само се молам сѐ да завр-ши добро...

CaciC82

искрени &забавни

Пucмa og

МАЈ 2011UNIQUЕ 21

Page 8: Unique17-MAJ-issuu

22 UNIQUEМАЈ 201122 UNIQUEМАЈ 2011

niquescopeМАЈ

ВАШИОТ МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП!

Читајте го вашиот ДНЕВЕН хороскоп на notformen.mk

ЛАВ (23.07 - 22.08)Сталожено и приземјено ќе се одне-сувате кон партнерот. Ќе има и де-нови кога постојано ќе инсистирате на секс, но и денови кога ќе бидете заинтересирани само да филозофи-рате. Сингл девојки нема да можат да се одлучат со кого да излезат. Послушајте ја сопствената интуиција, а не советите од другите. За сите оние кои посакуваат да работат во странство, месецот ќе донесе до-бри вести. Поблиску сте до целта од било кога.

БИК (21.04 – 20.05)Стигнавте до точката на комоција во врската, но ќе ви смета тишина-та до степен да сакате да предизви-кувате кавги. Уживајте во убавиот период бидејќи нема да трае дол-го. Сингл девојките ќе бидат мрзе-ливи и нерасположени да работат на потрагата по момче. Но, таква-та позиција ќе ви одговара бидејќи неопходно ви е повлекување од светот. Концентрацијата е на не-завидно ниво, но не и желбата за докажување на работа.

ВОДОЛИЈА (20.01 – 19.02)Доколку сте во врска, сторете сѐ што е неопходно за да ја зацврстите. Оние кои се уште се во потрага по идеалниот партнер, ќе имаат шан-са да го запознаат бидејќи често ќе бидат во контакти со луѓе дали пре-ку работа или чисто за забава. Речи-си и да нема ден што ќе го помине-те сами. Ова е месец на интензив-на комуникација затоа искористете го за да ги зацврстите започнатите преговори со соработниците.

РИБИ (20.01 – 19.02)Ќе изгледате одлично, но така и ќе се чувствувате. Лошо е што нема да наидете на добар пречек кај пар-тнерот. Искористете го периодот за да излезете со пријателките, не форсирајте го партнерот да се забавува само затоа што вам ви е дојдено до тоа. Оние кои се сами, ќе знаат да уживаат на вистински начин. Целата енергија ќе ја трошите размислувајќи за својата сигурност, заработувачка и недвижнини.

РАК (21.06 – 22.07)На емотивно поле ќе се чувствувате стабилно, партнерот е тука за да ви ја даде целата поддршка на светот. Вашиот однос ќе станува постаби-лен, а тоа ќе ви причинува задовол-ство и ќе ви даде стимул за да рабо-тите посветено. Ќе имате енергија да одговорите на сите предизвици, а на претпоставените ќе им се до-падне вашата подготвеност да оста-нете и по истекот на работното вре-ме. Ако живеете уредно, ќе го сочу-вате здравјето.

ОВЕН (21.03-20.04)Убавото време ќе влијае на вашите љубовни идеи, секој ден ќе го изне-надувате партнерот со нешто ново. На слободните девојки ќе им се ука-же шанса за врска, но работните ан-гажмани ќе делуваат поважни. Пла-новите ќе се придвижат од мртва точка, а вие ќе бидете во центарот на вниманието поради постигнатиот успех. Разгалете се, покажете што знаете и уживајте во славата. Здрав-ствената состојба е одлична.

Вашиот месец...Нема да бидете расположени за љубов, но нема ниту да ги одби-вате романтичните предлози на партнерот. Месецот е создаден за да ги обновите подзаборавените пријателства. Последната недела од месецот носи подобрување на љубовната ситуација. Вратите ќе ви се отвораат полесно отколку што мислевте, а поддршката е тука за вас, само треба да го препознаете вистинскиот човек што е спремен да ви ја даде.

Вашата година...Ќе имате прилика посериозно да го дефинирате односот со партнерот, а ќе размислувате и за брак и деца. Многу помалку ќе ве интересира-ат забавите, а повеќе ќе работите на интимноста. Најмногу ќе ве за-грижува финансиската стабилност, а амбициите и професионалните апетити ќе прават да се чувствува-те нереализирано. Есента ќе донесе подобрување на овој план. Почнете да размислувате како да го редуци-рате стресот.

ЈАРЕЦ (22.12 – 19.01)Време е да кажете што ви лежи на срце, бидејќи нема поповолен пери-од за тоа. Многу од вас ќе треба да му се посветат на семејството, а тоа најмногу ќе се одрази на партнерот. Најдобро е да го вклучите во про-блемите, нека биде тој вашата пот-пора и нема да имате никакви кав-ги. Ви претстои динамичен месец на работа, затоа организирајте се и планирајте ги деновите. Неопходно е да најдете издувен вентил за да се ослободите од стресот.

ВАШИТЕ ОСОБИНИ...Работи кои ги мразат:

Рутина, тишина, луѓе со авторитет.

Можете да ги најдете: Зад камерата, како пуштаат музика,

на двете страни од тимот за дебатирање, разговарајќи.

Скриена желба: Да имаат одговор

за сè!

ВАГА (23.09 – 22.10) Ќе бидете принудени да слушате и да се прилагодувате на барањата на партнерот, но со оглед на вашата нарцисоидна природа, тоа нема да ви оди од рака. Условите на работа ќе бидат такви што вие нема да го имате главниот збор. Ако се обидете да ги терате работите по свое, црно ви се пишува. Од голема важност е да покажете дека знаете да работи-те во тим. Ќе се соочите со ослабен имунитет, затоа неопходно е да по-работите на здравата исхрана.

ДЕВИЦА (23.08 – 22.09)Почетокот на месецот носи отуѓување и фрустрации кон сака-ниот. Ќе имате големи планови, а мали шанси да ги остварите. Ако сте во стабилна врска, најдобро е да му се посветите на сексот. Поддршка-та што ќе ја добиете од саканиот ќе ве натера да сфатите дека сепак тој чува важно место во вашиот живот. Не бунтувајте се околу промените на кои ќе наидете на работа, тие ќе ви донесат поголем просперитет от-колку што мислите.

СКОРПИЈА (23.10 – 22.11)Ќе бидете омилен гостин во друшт-вото, вашата пријателска насмев-ка и љубезен поглед ќе ви донесат низа прилики за проширување на по-знанствата. Ќе чувствувате задовол-ство да ги освојувате момците, но сѐ ќе се сведе на флерт. Обврските ќе го задушат вашиот социјален живот, но сами го избравте тој пат. Ќе имате полни раце работа и ќе се најдете во позиција повторно да се докажувате. Сериозно ќе размислувате да се от-кажете од лошите навики.

СТРЕЛЕЦ (23.11 – 21.12)Месецот ќе го запаметите по бога-тиот социјален живот. Иако ќе има-те многу прилики за дружење, тоа нема да ви донесе нови познанства на љубовно поле. Но, тоа нема да ја уништи вашата желба за добра заба-ва. Оние во врска, конечно нема да се чувствуваат заробено и конечно ќе најадат начин да се забавуваат со партнерот. Без оглед на професијата, овој месец ќе работите со леснотија и насмевка на лицето. Вашата креа-тивност особено ќе биде ценета.

U

Adriana Lima 12 јуни, 1981

СPEЌEН POДEНДEН...

близнациблизнаци

Page 9: Unique17-MAJ-issuu

30 UNIQUEМАЈ 2011

UNIQUEНАЈДОБРА

„Нека се случи нешто за да го спречи ова лудило“ – си мислеше таа со секој чекор, но и понатаму чекореше навидум едвај чека да стаса до олтарот. „Ова не е за мене. Не ни верувам во заветиве што ги повторувам, изгледа поради тоа не мо­жам да го погледнам во очи.“ Но, таа не е првата која пристапи на брак иако оној женски инстинкт и алармираше дека не ја прави вистинската работа. „Нема шанси мене да ми се случи исто­то“, ќе си помисли секоја од вас. Но, зна­ете ниту една невеста бегалка не плани­рала да избега, па на крај го сторила тоа. Кога човекот ќе се испречи пред фактич­ката ситуација, сомнежите се расчисту­ваат како облаци после дожд и себично­ста за лична среќа станува приоритетна. Ако ги погледнеме бројките од истражувањето на Jennifer Gauvain, психијатар од Денвер, 30% од моментал­но разведените жени потврдиле дека се колебале кога требале да го изустат суд­боносното „да“, но и покрај тоа го изу­стиле. Нешто помалку од 10% собрале храброст да ја откажат церемонијата. Очигледното прашање што се наметну­ва после ова е: „Ако знаете дека се зема­те со погрешен, зошто упорно го прави­те тоа?“Дали медиумското влијание има некак­ва врска? Со оглед на фактот што речи­си и да не постои животна сфера каде не влијае , ситуацијата не се разликува и во овој дел. Започнувајќи од приказни­те за Пепелашка па се до романтичните комедии, љубовта триумфира и покрај невозможните сценарија. Пораката што несвесно се врежува е дека љубовта ќе успее иако е нездрава и присилна. Раз­водот е најболниот доказ дека режи­серите не се во право. Од друга страна

тука е биолошкиот часов­ник што го поттикнува разумното одлучување. И ако 20­тите дозволу­ваат да правите греш­ки во пријателството, професијата, врски­те, 30­тите создава­ат обрач на женското делување. Па жената не само што смета дека не ѝ доликува да раскину­ва долгогодишна врска, туку истовремено чувству­ва силна потреба да фор­мира семејство. Тогаш доми­нираат оние размислувања што најчесто можете да ги чуете од родите­лите: „Тој е добро момче, вредно, скром­но, што секогаш ќе внимава на тебе и ќе ти обезбедува сѐ што ти е потребно.“ На сето ова, прстенот ви доаѓа како вистин­ско олеснување, на крај склучивте добра зделка. Но, колку ќе бидете среќни оста­нува мистерија што само вие можете да ја предвидите. Во едно бидете сигур­ни, сексуалните нагони и духот на стра­ста е невозможно да се потиснат особе­но кога дразбите се насекаде околу нас. Не може да му се избега на фактот дека свадбите почнаа да наликуваат на едно големо шоу. Поголема тежина добива­ат деталите околу церемонијата откол­ку значењето на самиот чин. Честопа­ти жените знаат да се зашеметат од за­доволството да организираат венчавка, да се погрижат за цвеќињата, тортата и венчалниот фустан. Тоа е исто како кога со мерак ќе подготвите специјалитет, за на крај да немате желба ни апетит да го вкусите. Само што овде јадењето можете да го истурите без трошка совест, но жи­

вотот не е Facebook за со еден клик да го смените статусот од

married во single. Ако после статијава сед­нете да поразговарате

со пријателката што се омажи неодамна, таа ќе ви потврди

дека секоја невеста се преиспитува на денот на свадбата. За да не дојде до за­буна, важно е да правите дистинкција помеѓу слатка трема и двоумење. Ако се прашувате дали цвеќињата се уба­во наместени, дали шминката ви ја погодија, зошто мајка ви ставила тол­ку лак за коса, тогаш пулсираат само вашите нерви на кои им е најважно да триумфираат со совршена свадба. Но, ладните стапала се доказ дека совеста го пуштила црвот да грицка. Мислите како: логично беше да се земеме после толку години врска; знам дека ќе биде супер татко и ништо нема да ми фали во животот; време ми беше да се сми­рам...немаат доволно силина да ја по­турнат кнедлата што се заглави во ва­шето грло. Игнорирањето на внатрешниот глас (што значи сте отишле до крај) резул­тира со развод или евентуално да ви се насмее среќата, па да го засакате сопругот и да имате ништо повеќе од нормален живот.

а срцето мисли не...

КОГА РАЗУМОТ ВЕЛИ ДА,

Дали завршивте во брак со погрешен човек? Бидејќи 30% од жените мислат така!

Иако најчесто важи обратното, нео-

дамнешните студии пока-жаа дека жените имаат

поголема потреба за личен простор, женски

вечери, соло одмо-ри за разлика

од мажите.

Page 10: Unique17-MAJ-issuu

36 UNIQUEМАЈ 2011

Phillippe„Музиката е мојата

најголема љубов. Доколку знаев да свирам

на некој инструмент, ќе бев музичар.“

Ryan

30 октомври, 2006 год. - Phillippe и неговата сопруга Reese Witherspoon излегоа со официјална потврда дека се разведуваат, а причината гласе-ше: Непомирливи разлики. Подоц-на се шушкаше дека актерот ја изне-верувал сопругата со актерката Abbie Cornish со која се запозна на сетот на филмот „Stopp-Loss“ и дека тоа е ви-стинската причина за разводот. Пора-нешните сопружници никогаш не ги потврдија таквите гласини, а денес се во пријателски односи и го делат ста-рателството врз двете деца.

Page 11: Unique17-MAJ-issuu

МАЈ 2011UNIQUЕ 37 СЕПТЕМВРИ 2010UNIQUЕ 37

{{

„ЛУЃЕТО УПОРНО МЕ ПРАВАТ ФИЛМСКА

ЅВЕЗДА, НО ЈАС НЕ СУМ ТОА.

ЈАС СУМ АКТЕР.“

Matthew Ryan P

hillippe

ВОЗРАСТ:

36 (10 септември, 1974)

ПРОФЕСИЈА:

актер и модел

СТАТУС:

во врска со актерката

Amanda Seyfried

ПОСЛЕДНО ОД НЕГО:

The Lincoln Lawyer (2011)

КАДЕ ЌЕ ГО ВИДИМЕ

СЛЕДНО: Setup (2011)

KАКО Е ДА СЕ БИДЕ САМ ПО­СЛЕ 7 ГОДИНИ ФАМИЛИЈАРЕН ЖИВОТ?

Можам да кажам дека сѐ уште не сум го нашол оној неопходен баланс во живо­тот, но после болното искуство нарече­но развод, логично е да ми треба малку повеќе време. Не е лесно после 7 години да се будите без чувство на сигурност и семејна топлина. Фактот што сѐ се одви­ва пред очите на јавноста, го отежнува преболувањето. Воопшто не ми се допаѓа кога ме следат додека ги носам децата во училиште, но јас сум пристапил на тоа и

сега морам да ги поднесам последиците. Го контролирам притисокот со тоа што не читам весници и не гледам телевизија, гледам што повеќе да се забавувам со де­цата, а не да пратам кој што напишал за мене. Не сум совршен човек, но не сум ви­новен за голем дел од работите што ми ги препишаа последниов период. Мојот приоритет отсекогаш беше и сѐ уште е безбедноста на моето семејство, само толку имам да кажам во моја одбрана. Твојата поранешна сопруга по сѐ из-гледа полесно се соочи со бракораз-водната парница. Не ѝ требаше мно-гу време за повторно да се обиде да ја најде среќата во брачната заедница.

Како ја поднесе веста за нејзиниот брак со Jim Toth.Секако дека ги имам најискрените жел­би за среќа за мајката на моите деца. Двајцата сфативме дека е неопходно да останеме во добри односи ако сакаме на­шите деца да имаат нормално детство. Заедно одиме на сите родителски средби и на сите случувања надвор од него. Мое­то мислење дека таа е најискрената лич­ност што сум ја запознал, не е променето. Што е она што најмногу ти недоста-сува од фамилијарниот живот?Дефинитивно сигурноста, но и самиот факт дека имате човек покрај себе на кој можете да му верувате и со кого можете

Page 12: Unique17-MAJ-issuu

МАЈ 2011UNIQUЕ 43

Кои карактеристики ти се допаѓаат

најмногу кај македонските жени?

МАКЕДОНСКИТЕ ЖЕНИ, ГЕНЕРАЛНО, СЕ МНОГУ УБАВИ. ЗА ОСТАНАТИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ, МОРА ДА ЈА ЗАПОЗНАЕШ ЛИЧНОСТА.Би се откажал ли од кариерата

како модел ако твојата девојка го

побара тоа од тебе?

ЛИЧНОСТА КОЈА ИСКРЕНО ТЕ САКА И ТИ ПОСАКУВА ДОБРО, НИКОГАШ НЕ БИ ТЕ ДОВЕЛА ВО ПОЗИЦИЈА ДА ОДБИРАШ ПОМЕЃУ НЕА И КАРИЕРАТА.Кој дел од женското тело може

веднаш да те привлече?

ОЧИТЕ МИ СЕ НАЈВАЖНИОТ ДЕЛ КАЈ ЖЕНИТЕ.

Модел: Немања Павловиќ / Модна агенција: Моделс Ин / Шминка и фризура: Студио Диенси / Фотограф: Марко Маркоски

Calliope марама 499 ден.

Page 13: Unique17-MAJ-issuu

Кога би можел да промениш едно нешто кај себе,

што би било тоа?

ПОМАЛКУ ДА СЕ НЕРВИРАМ ЗА НЕВАЖНИ РАБОТИ ВО ЖИВОТОТ. КОНКРЕТНО, ДА НАУЧАМ ДА

„ИЗБРОЈАМ“ ДО ДЕСЕТ.Како изгледа, според тебе, идеалниот состанок со жена?

ПОТПОЛНО НЕПЛАНИРАНА ВЕЧЕРНА ПРОШЕТКА НИЗ ГРАДОТ СО ПУКАНКИ И МНОГУ СМЕЕЊЕ.

Calliope очила за сонце 699 ден.Koton кошула 1.390 ден.

Calliope фармерки 1.299 ден.

Page 14: Unique17-MAJ-issuu

46 UNIQUEМАЈ 2011

15 совети како да го постигнете тоа...

Разбудете гоЗАСПАНИОТсексапил!Bашите пријателки се жалеа дека

нивните момчиња постојано им бараат секс, додека вие им се

смеевте. Вашиот партнер никогаш не им се пожалил на другарите дека сте здодев-ни - во вашата врска вие бевте таа која ја вжештуваше атмосферата во спалната, и немавте проблем да му покажете дека со задоволство би му се протнале во панта-лоните. Ех, тие стари, добри времиња. Во последно време попрво би седнале пред телевизорот да гледате турска серија, на-место да го заведете вашиот партнер. Обвинете ги сметките, ПМС-от, вашите деца (доколку ги имате), стресот или недо-статокот на време; постојат периоди кога освен тоа што не чувствувате потреба за секс, не се чувствувате ниту доволно при-влечни за да направите секси потег. Не, не е вистина дека немате време да појдете на депилација или дека немате желба да се галите додека над глава ви ви-сат неколку неплатени сметки за струја. Сѐ уште не е време да се вовлечете во најшироките тренерки и да заборавите дека косата ви е масна; жената која не мо-жеше да дочека да ги оствари најлудите фантазии со својот љубен сѐ уште живее во вас, само треба да ја разбудите. За почеток, почнете да размислувате за сексот како за нешто што го добивате, на-место како за нешто што го давате. Зарем само тој ужива кога имате секс? Не! Тој се труди да ве задоволи исто како и вие него, па затоа овој чин треба да придонесе за повеќе позитивни мисли и поцврста врска со вашиот партнер. Колку почесто имате секс, толку посекси се чувствувате. А ва-шата поголема самодоверба ќе придоне-се за подобри пријателски односи, пого-лем успех на работа и повеќе енергија за секојдневните активности.Сексот носи безброј бенефиции – почнете повторно да ги откривате уште вечерва.

UNIQUEСАМОДОВЕРБА

Сè уште не е

време да се вовлечете

во најшироките тренер-

ки и да заборавите дека ко-

сата ви е масна; жената која

не можеше да дочека да ги

оствари најлудите фан-

тазии со својот љубен

сè уште живее во вас,

само треба да ја ра-

збудите.

Page 15: Unique17-MAJ-issuu

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕНА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА

ОВА Е СКРАТЕНАВЕРЗИЈА НА СПИСАНИЕТО

ЗА ЖЕНИ - UNIQUE

Page 16: Unique17-MAJ-issuu

МАЈ 2011UNIQUЕ 47

UNIQUEСАМОДОВЕРБА

1 Сетете се на последниот пат. Колку и да сте зафате-

ни во текот на денот, дозволе-те си барем 5 минути да размис-лите за вашиот последен сексу-ален однос со партнерот. Сете-те се на тоа што го нахрани ва-шиот сексуален апетит, како се чувствувавте и што ве задо-воли најмногу. Посакајте исто-то да го почувствувате повтор-но, и веќе сте направиле голем чекор.

2 Приредете си убава сли-ка. Ако Jared Leto е ваши-

от поим за сексапил, погледне-те негов концерт; ако не може да му одолеете на Johnny Depp, погледнете го неговиот после-ден филм. Жените уживаат во визуелното, па ако ги почести-те очите, набрзо ќе посакате да го почестите и телото.

3 Одморете од каталозите на Victoria’s Secret. Прво,

затоа што вие сте уникатни сами по себе, а второ, затоа што споредбата со нешто нере-ално може да ве разочара. До-бро знаете дека невозможно доживотно да се одржи нивна-та „совршена линија“, а вашата пак, е сосем во ред.

4 Посветете му се на ваше-то тело. Не бараме да веж-

бате до бесвест, ниту пак да се откажете од омилените слат-ки. Напротив, на телото му е потребно уживање, па затоа наредниот пат откако ќе се ис-туширате, наместо набрзи-на да се премачкате со млеко-то за тело, полека масирајте се почнувајќи од вратот. Кожа-та ќе изгледа пожива од кога било, а вие ќе се чувствувате релаксирани.

5 Заборавете на тренерки-те и пижамите. Ако овие

вторите можеби станаа ваша-та стандардна униформа за по дома, не е чудо зошто лошото расположение ве надвладеало. Наместо да се облекувате како скитник, купете пар хеланки и секси свиленкаста кошула што не чинат многу, но и тоа како го будат сексапилот во вас.

6 Вратете се во минатото. Обично не даваме вакви

совети, но овој пат чекорот на-

зад многу ќе ви помогне. Се-тете се на првите денови од врската со партнерот – каде бевте на вечера, кој парфем го носевте, колку фотографии направивте, каква музика слу-шавте...Можеби сѐ уште го чу-вате старото шишенце од пар-фемот што нему толку многу му се допадна; тоа е повеќе од доволно за да ви се врати ста-рото убаво чувство.

7 Истакнете го омилениот дел од вашето тело. Мо-

жеби имате полни усни како Angelina Jolie, или пак сите ви завидуваат на тиркизно сини-те очи како оние на Amanda Seyfried; не барајте посебен повод за да ги истакнете. Ку-пете ново моливче за очи или експериментирајте со нова боја на сјај за усни... за себе, за никој друг.

8 Расчистете со грижи-те. Свесни сме дека не

може туку така да ги истера-те од вашиот живот, но може барем да се обидете да ги за-боравите за момент. На еден лист хартија запишете што ве мачи, стуткајте го и фрлете го на страна. Пренасочете го фо-кусот од вашиот „подуен“ сто-мак, на прекрасниот маж кој чека да му се придружите во спалната.

9 Исклучете го мобилниот. И компјутерот. И телеви-

зорот. Зарем не ви недостига барем половина час во денот во кој ништо не е поважно од самите вас? Се сомневаме дека е така. Петминутно уживање во тотална тишина е тоа што ви е потребно за да го одржите балансот со сопственото тело.

10 Создадете катче само за вас двајца. Сите ро-

дители знаат колку е тешко да се одржи интимата кога имате деца, а расфрланите предмети и минијатурните играчки што ги газите насекаде дополни-телно го убиваат вашето либи-до. Тоа може да се промени до-колку ја ослободите спалната од детските ситници, па дури и ако е потребно преместите ги нивните фотографии во днев-ната. Потребна ви е средина само за вашата љубов.

11 Закажете третман во са-лон за убавина. Педи-

кир, маникир, депилација... се-едно. Можеби и сите три, ако имате буџет за тоа. Грижата за себе ја храни самодоверба-та, а девојките во салонот ќе се погрижат да се почувству-вате вредни за секој потрошен денар.

12 Сменете го правецот. Ако по професија сте

економист и никогаш не сте имале посебен интерес за умет-ност, тоа е затоа што може-би никогаш не сте ја забележа-ле нејзината вистинска убави-на. Најдете си ново хоби, поч-нете да вежбате зумба или тан-ци, спакувајте се и тргнете на патување без некоја посебна подготовка... дајте му на живо-тот поинаква димензија што ќе ве потсети дека треба повеќе да уживате.

13 Дајте им важност на ри-туалите. Еден ден во

неделата поминете цел час во када од која се шири ваши-от омилен мирис и потсете-те се дека врската со самата себе е најважна. Можеби зву-чи како клише, но и самите сте свесни дека функционира. Набљудувајте го своето тело и погледнете колку секси изгле-даат тие облини. А потоа изле-зете од кадата и покажете му ги на партнерот...

14 Вежбајте јога. Едно не-одамна спроведено

истражување покажало дека жените кои редовно практи-куваат јога се чувствуваат по-секси. Се претпоставува дека ова чувство се создава тогаш кога телото и умот комуници-раат преку медитација, а ова во голема мера ја поттикну-ва самодовербата. Поголема самодоверба=поголема желба за секс!

15 Исклучете ги светил-ките. И запалете ги

свеќите. Во просторијата вед-наш ќе провее поинакво, суп-тилно чувство, давајќи ви удоб-ност и комфор. Миризливите свеќи постојано се опција – за вечера, додека се капете, кога ќе легнете да спиете, и секако, кога имате секс.

Page 17: Unique17-MAJ-issuu

МАЈ 2011UNIQUЕ 45

животот!

Page 18: Unique17-MAJ-issuu

48 UNIQUEМАЈ 2011 Модел: Марија Андоновска / Модна агенција: Мак Моделс / Шминка и фризура: Студио Диенси/ Шминкано со: Bourjois / Фотограф: Марко Маркоски / Локација: Клуб Сектор 909

Page 19: Unique17-MAJ-issuu

МАЈ 2011UNIQUЕ 49

Page 20: Unique17-MAJ-issuu

52 UNIQUEМАЈ 2011

UNIQUEFashion

Гораст ТасевскиАгенција: Мак Моделс

Деспина ЈанакиевскаАгенција: Моделс Ин

Page 21: Unique17-MAJ-issuu

54 UNIQUEМАЈ 2011

НеодоливиСО СЕКОЈ

ЧЕКОРВечните балетанки се совршени за ,,секојдневна употреба” . Одберете ги вашите омилени за оваа сезона и впуштете се во долги прошетки.

И РАМНОТО МОЖЕ ДА БИДЕ ЕЛЕГАНТНО И СВЕЧЕНО

UNIQUEFashion

Page 22: Unique17-MAJ-issuu

Cтpyкupajтe ce!Екстра ремени за секси половина

Page 23: Unique17-MAJ-issuu

58 UNIQUEМАЈ 2011

Едноставноста е ваш заштитен знак. Кога и да купите нешто тоа е еднобојно, навидум класично и дамски.

Вие сте права госпоѓица и дива.

UNIQUEFashion

KOJе вашиот

стил?

Simple life

Page 24: Unique17-MAJ-issuu

МАЈ 2011UNIQUЕ 59

Нежните парчиња се оние кои прво ви паѓаат во очи. Нивната ретро доза одлично се вклопува со вашата

желба да флертувате и заведувате.

Ретро романтика

KOJе вашиот

стил?

UNIQUEFashion

Page 25: Unique17-MAJ-issuu

60 UNIQUEМАЈ 2011

Вашиот шарм е секогаш на прво место, вас мажите ве обожуваат. Имате најдобра смисла за хумор од цело

друштво и би се смееле без престан. По цел ден...

Слатка мала

KOJе вашиот

стил?

UNIQUEFashion

Page 26: Unique17-MAJ-issuu

82 UNIQUEМАЈ 2011

МаникирТРЕНД

Не мора да се откажете од францускиот маникир за да имате актуелни нокти.

Надградете го, вклучете некоја актуелна боја или дезен како животинскиот и оставете ноктите да говорат за

вашите модни сетила.

UNIQUEFashion

Смели и цветниСветлата основа дозволува да искори-

стите лакови во интензивни бои. Ин-тензивната зелена или тиркиз искори-стете ја за да го пренесете актуелниот цветен дезен и на ноктите. Со црн лак нацртајте голем цвет од врвот на но-котот, внатрешната страна од цвето-вите истакнете ја со сино. Разбијте ја

монотонијата со црни точки.

Accessories прстен 870 ден.Accessorize алка 970 ден.Accessories сина алка 560 ден.Accessorize алка 1150 ден.

Essence лак за нокти

99 ден.

Oriflame коректор на лак

за нокти 279 ден.

Avon лак за нокти

кој брзо се суши189 ден.

Page 27: Unique17-MAJ-issuu

МАЈ 2011UNIQUЕ 85

UNIQUEFashion

Accessories зелен прстен 330 ден.Accessorize прстен 650 ден.Accessorize прстен 790 ден.

Accessories алки 870 ден.Accessorize тиркиз алка 490 ден.

Accessorize алка со цветови 970 ден.

Хипи гламурНаправете француски маникир во две ретро нијанси како оваа зелена и жол-та. За да се вклопите во пролетниот фазон, надополнете го маникирот со црвено – црни ситни цветови. Наместо на секој нокот, цветовите можете да ги застапите само на домалиот и малиот прст на двете раце. Сега вистински ја отсликавте природата на вашите нокти.

Модел: Даниела Чачевска / Нокти: Снеже Богатиновска од студио Диенси / Фотограф: Марко Маркоски

Essence лак за нокти

99 ден.

OriflameVisions High

Voltageлак за нокти

189 ден.

Givenchy лак за нокти

810 ден.

Oriflame сет за маникир

749 ден.

Page 28: Unique17-MAJ-issuu

Koca og...coнuштaтa!

EMMA WATSON

BLAKE LIVELY

KEIRA KNIGHTLEY

MILA KUNIS

RENEE ZELLWEGER

SCARLETT JOHANSSON

Бегајте од: фризури што се премногу

степенасти и нерамномерни за-тоа што изгледаат убаво само откако фризерот ги ќе ги ис-фенира

јаки сончеви зраци

ластик за коса

лак за коса што е extra strong затоа што ќе ве изгледа-те како тетка што одамна не ги прати трендовите

шишки ако не сте спремни секој ден да ги миете

боја на коса што не знаете да ја носите

Само напред: секогаш кога користите фен за

коса држете го 20 сантиметри одда-лечен

користете препарати од една мар-ка подолго време

расчешлувајте ја косата со ши-рок чешел

користете маска за коса два пати неделно

одете на фризер секогаш кога имате можност

избегајте од секојдневните обич-ни и чести фризури. Се разбира, ако имате храброст

Убавата коса е сон

на секоја жена. Долгата и

раскошна коса отсекогаш била и

се уште е симбол за женственост

и сексапил. Но, спротивно од тоа

често се случува набрзина да ја собе-

реме косата во неуредно опавче, да се

фенираме и правиме фризура само за

посебни прилики, а секојдневно да из-

гледаме како штотуку да сме се

разбудиле од лош кошмар. Сега

е редно време да ги скратите

оштетените врвови и

да купите соодветна коз-

метика. Ѕвезди кои избраа

долга коса

Ѕвезди кои избраа кратка коса

Avon Advance Techniques Volume

тоник за подигнување на косата од коренот

249 ден.

Nivea Diamond

Gloss лак за коса 180 ден.

Keune Care Line

шампон за коса 430 ден.

Oriflame четка за коса

379 ден.

Oriflame четка за коса

379 ден.

Oriflame Hair X 149 ден.

Oriflame четка за коса

299 ден.

UNIQUEFashion

Page 29: Unique17-MAJ-issuu

98 UNIQUEМАЈ 2011

Koгa тojнe caкaда стане...И 20 годишните мажи се соочуваат со еректилна

дисфункција!Ден петок, Владо (29) е на пат да се види со неговата девојка со која треба да ја прослави љубовта по трет пат. Малку е доцна бидејќи заглави со пријателите во кафеана. После 5 дена поминати под работен стрес, средбата со пријателите требаше да има ефект како час по јога. Но, алкохолот и недостатокот на сон си го направија своето и сега Владо се до-веде до ситуација да не може да ја задоволи саканата, а тоа не е фер ако се земе во пред-вид што тој секогаш успева да ги задоволи шефовите на работа. Но, постои едно сино магично апче во форма на дијамант што ќе заврши работа. Па не му е прв пат да се на-пие вијагра.

1 ПСИХОЛОШКИ ФЕНОМЕН ИЛИ НЕШТО ПОВЕЌЕ?Мажите го доживуваат врвот на сек-

суалната желба на 18 годишна возраст, но од кога имаат проблем со ерекцијата во 20-тите? Еректилната дисфункција е проблем што доаѓа со годините, а вијаграта најчесто им се препишува на мажите кои страдаат од одредени состојби (дијабетес, болести на бубрезите, рак на простата). Но, неодам-нешната студија во која биле вклучени 4.500 мажи, покажала дека 15% од мажите на воз-раст меѓу 16-34 години, редовно имаат про-блем со ерекцијата и нејзиното одржување. Процентот достигнува и до 30%, откако ис-питаниците ќе дојдат во контакт со алкохол. очекувањата за тоа каков треба да биде сек-сот постојано се во пораст, бидејќи денови-ве како сите да имаат експлозивен секс. Очи-гледно е, стресната работа води до нездрав животен стил што подоцна се одразува на сексот. Тука мислиме на цигарите, алкохо-лот, депресијата под чие влијание потпаѓа мажот по кавгата со шефот. Токму од овие

причини, излегоа статистики дека бројот на продадени вијагри на мажите од 21-30 годи-ни, се дуплирал во последниве две години. И ако порано момците го решаваа проблемот со импотенцијата со тоа што го избегнуваа сексуалниот чин, денес посегнуваат по џебот на тато со надеж дека ќе им послужи нивни-от лек.

2 КАКО ЖЕНИТЕ СЕ СООЧУВААТ СО ИМПОТЕНЦИЈАТА?И додека мажите имаат проблем со пер-

формансот, како го поднесуваат тоа жените? Генерално, постојат два типа на реакции: или мислите дека вие сте виновни бидејќи не знае-те како да го возбудите, или покажувате лути-на и му кажувате да преземе нешто околу тоа. Ретко кој маж ја известува партнерката дека почнал да пие вијагра, иако често пати разго-ворот се покажува како поефикасно решение бидејќи кај половина случаи проблемите се од психолошка природа. Жените тешко ја при-маат информацијата дека партнерот зема лек за да биде сексуално функционален, а тоа до-ведува и до раскинување. Не обесхрабрувајте го партнерот да се обиде со медицинска по-мош, во спротивно проблемот може да ста-не траен.

3 ИМА ЛИ МЕСТО ЗА ПАНИКА?Можеби и женската негативна реакција е на место ако се земат во предвид нега-

тивните ефекти од вијаграта. Подобро е да седнете и да разговарате со партнерот, кол-ку и да ви е непријатно, отколку да гледа-те дека страда од главоболки, болки во сто-мак, потење и вцрвување на лицето. Не е ис-клучива и можноста да му се замати видот или да стане преосетлив на светлина, што

значи заборавете на секс со запалено свет-ло. Една мала студија во која биле вклуче-ни 20 здрави мажи, покажала дека дозата од 200-800 милиграми, кај 95% од испитани-ците ги поттикнала несаканите последици. Кај дел од нив ерекцијата траела и повеќе од 4 часа, а тоа носело ризик од трајно оштетување. Токму затоа производители-те на вијагра, Pfizer, излегоа со соопштение дека 90% од апчињата што може да се по-рачаат преку интернет, се отровни. Но, мо-жеби најлошо од сѐ е тоа што вијаграта соз-дава психолошка зависност. Можеби во меѓувреме проблемот се решил, но стравот на партнерот не дозволува тој да се обиде да се возбуди по природен пат.

СЕКС ДРОГИ: Што велат фактите?ВИЈАГРА: На апчето во форма на дијамант му се потребни 30 минути за да почне да дејствува, а ефектот трае неколку часа. ЦИЈАЛИС: или народно познато како апче за викенд, бидејќи делува до 36 часа. Тоа не значи дека пенисот непрекинато ќе биде во ерекција ден и половина, туку пар-тнерот нема да има никакви проблеми со ерекцијата.

ЛЕВИТРА: Пред-носта на ова трка-лезно портока-лово апче во од-нос на другите, е тоа што почну-ва да дејствува по-сле 15 минути по консумирањето, а трае неколку часа.

UNIQUETИ&TOJ

Page 30: Unique17-MAJ-issuu

102 UNIQUEМАЈ 2011

Барате добар филм?Погледнете ги предлозите на Unique!

SOMETHING BORROWEDГлавни улоги: Ginnifer Goodwin, John Krasinski , Colin Egglesfield , Kate Hudson

Жанр: Комедија / Романса

Премиера: 6 Мај, 2011

Rachel (Ginnifer Goodwin) е млада, тален-тирана правничка која работи за една од најголемите адвокатски фирми во Њујорк. Нејзината тазе свршена пријателка Darcy (Kate Hudson), постојано ја потсетува на нејзиниот сѐ уште сингл статус. Но, после вечерта зачинета со многу алкохол по по-вод нејзиниот 30-ти роденден, лојалната и совршена Rachel, завршува во кревет со нејзината неостварена љубов од факултет-ските денови, Dex (Colin Egglesfield), кој по некоја случајност е свршен со Darcy. Кога долгогодишното пријателство на Rachel и Darcy ќе дојде во судир со вистинска љубов, на виделина ќе излезат експлозив-ни љубовни исповеди. Во меѓувреме, Ethan (John Krasinski) човекот од доверба и под-вижната совест на Rachel, се мачи со голе-мата тајна што ја носи со години...

MIDNIGHT IN PARISГлавни улоги: Owen Wilson, Carla Bruni, Rachel McAdams

Жанр: Драма / Комедија / Романса

Премиера: 20 Мај, 2011

Ова е романтична комедија за едно семејство кое стигнува во Париз чи-сто поради бизнис. Owen Wilson и Rachel McAdams се појавуваат во улогата на идни свршеници, чии животи ќе претрпат цело-сна трансформација штом ќе стапнат во Градот на светлината. За Owen Wilson, Па-риз ќе биде шармантен и романтичен град, но ништо повеќе од тоа. Но, кога по некоја случајност ќе се најде сам, во париските ло-кали после полноќ, ќе сфати дека нависти-на зелената трева е позелена од другата страна. Тој ќе биде фасциниран од начинот на живот на Французите и ќе сфати дека не-говиот живот е нула во однос на нивниот. Крајот од филмот ќе ви покаже дали е точ-на илузијата на луѓето дека оние од другата страна на сонцето имаат подобар живот.

BRIDESMAIDSГлавни улоги: Kristen Wiig, Maya Rudolph, Chris O’Dowd, Ellie Kemper, Melissa McCarthy

Жанр: Комедија

Премиера: 13 Мај, 2011

Annie (Kristen Wiig) е едноставна девојка која води едноставен живот, се додека неј-зината најдобра пријателка Lillian (Maya Rudolph) не ја замоли да ѝ биде деверица. Annie ќе биде соочена со предизвикот да организира најубава моминска вечер за нејзината пријателка, но проблем ќе ѝ пра-ват четирите придружнички. На една маса ќе седнат 5 различни жени и исто толку ка-рактери, вкусови и визии за тоа како треба да се поминат последните денови пред да се каже вечното „ДА.“ Животот на Annie е хаос, но и покрај финансиските и љубовни-те разочарувања, таа ќе оди до крај само за нејзината пријателка да има свадба од соништата. Ова е филм што зборува за тоа колку човекот е спремен да жртвува за луѓето што ги сака и пријателството.

Page 31: Unique17-MAJ-issuu

МАЈ 2011UNIQUЕ 103

UNIQUETИ&TOJ

И што ако цела вечер ја поми-навте муабетејќи со него? На крај пак не ви се јави за да из-лезете. Најмногу ве буни тоа

што не знаете кого да обвините, себе си што повторно успеа некој да ве зала-же дека овој пат нештата ќе завршат по-инаку (со телефонски повик) или нара-вот на целиот машки род? Конвенцио-налната мудрост ви кажува да се соочи-те со суровата вистина, тој не е заинте-ресиран за вас затоа продолжете пона-таму со крената глава. Работата е тоа што можете да се заколнете дека има-ше хемија меѓу вас. Дали треба да ја иг-норирате и да се откажете така лесно? Во некои случаи не! Можеби и тој по-чувствувал конекција, но за неговата пасивност ќе ја обвиниме машката не-одлучна природа. Жените толку лесно се заробуваат во желбата да натераат некој маж да ги забележи, што нивните стратегии почнуваат да наликуваат на знаци на очај. На старт погрешни вибра-ции што ве прават помалку атрактивни за љубовен лов.

Испречете му се на патот...на вистинскиот начинЖенската доминација и независност почнаа да земаат замав и во љубовните врски, па денес поголем е бројот на оние дами кои вака размислуваат: „Ако ти се допаѓа, тогаш зошто не одиш да му побараш број? “ И вие решивте да го послушате советот на пријателката и да постапите како една зрела и мо-дерна жена, но успеавте само да го из-бркате со сопствената самодоверба, а ве учеа секогаш да чекорите храбро. Еве го моментот што бара итна средба со пријателките, вие како жени мора-те да одлучите како понатаму, а рабо-тите се толку едноставни, всушност от-секогаш биле. Знаете, мажите не се от-кажаа од задоволството да ловат, само затоа што вие решивте да го земете ме-стото што ви припаѓа во општеството. Флертот, изненадувачкиот вербален и невербален контакт, полесно ја поттик-нуваат циркулацијата на романтика во машкиот мозок. Директниот пристап ќе ве поштеди од макотрпно исчекување, но проблемот е тоа што мажите нема-ат ништо против да чекаат. Возбуда и страст се водечките сили поради кои ниту еден маж не би се откажал од про-цесот на освојување девојка. Ако тој до-бие впечаток дека состанокот се слу-

чил спонтано, тоа значи само поголем простор за да ве запознае по негов кри-териум. Тој е храбар, моќен ставен во позиција да ве испитува. Колку порано го седнете во директорската фотелја, толку полесно ќе го добиете за себе. И така стасавме до вашата задача која нема никаква врска со тоа дека треба да соберете храброст и сами да се потруди-

те да обезбедите средба. Мажот обезбе-дува, а вие само погрижете се да се запа-ли светилката над вас, за тој да ве забе-лежи во гужвата. Испречете му се на па-тот, така што никогаш да не претпостави дека стратешки застанавте таму. Кате и Виктор се запознаа на роденде-нот на нивната заедничка пријателка. Очигледно беше дека си се допаднаа

Остварете јаСВОЈАТА ЉУБОВ

Помисливте дека имаше искри, но дали и тој го мисли истото? Дознајте!

Page 32: Unique17-MAJ-issuu

104 UNIQUEМАЈ 2011

UNIQUETИ&TOJ

еден на друг, но вечерта заврши без разменување на телефонски број. Кате се потруди да ја поправи грешката и по една недела ја замоли пријателката да организира заедничко излегување, само за да се најде со Виктор во иста просторија. Уште една убава вечер, со уште поголем флерт, но со исти резул-тати како претходно. Сега сигурно се из-нервиравте поради пасивноста на Кате? Не е ни чудно ако на крај остане без Вик-тор. Но, зарем не мислите дека агресив-ното и отворено флертување ќе донесе само авантура за една вечер? Кате е па-метна девојка и затоа се потруди да до-знае каде Виктор најчесто излегува. Со-сем „случајно“ се појави токму таму и обезбеди состанок за помалку од 5 мину-ти. Средбата далеку од нивните познани-ци беше пресудна. Кога веќе сте соочени со избраникот, лице во лице, потрудете се да изгледа-те популарно кажано – cool. Покажете му дека сте заинтересирана, но не и целосно потчинета на неговото внимание. Еве ви ја шансата да ја покажете машкоста што ви недостасуваше. Кратките разговори

се одлични за почеток, затоа не трудете се да бидете инвентивни со некои фило-зофски прашања за животот. Никому не му е дојдено до дебати во атмосфера со пијани луѓе и гласна музика. И во случај да ве одбие, за на крај да можете да си кажете: „Па добро, тој губи!“, дајте му 3 шанси. Со тоа што ќе си поставите мен-тален краен рок за да го освоите, нико-гаш нема емотивно да се потрошите за некој кој не е вреден за тоа.Проблемот со ловењето на мажите е тоа што колку повеќе се трудите да го фатите, толку потешко ќе видите зна-ци дека е расположен да се предаде. Ако премногу се уверете дека има шанси да се случи нешто помеѓу вас, постои ри-зик да не ги прочитате сигналите што ви ги праќа, барем не на вистинскиот начин. Колку и да не се заморуваат, ма-жите не се слепи. Размислете...две или три случајни средби се прифатливи, но повеќе од тоа е доволно за да ве прогла-сат за трн во око. Со оглед на тоа дека 24/7 се расположени за забава, мажите имаат интуитивно чувство да намириса-ат очај на километар. И ако вие продол-

жите отворено да му покажувате дека сте достапна, тој нема да пропушти да ве искористи, сепак е маж. Воопшто не е лесно да се пробие начи-нот на кој мажот делува, но жените че-стопати сакаат да и се спротивставу-ваат на судбината. Ако навистина по-стои хемија помеѓу вас, тогаш нема да требаат повеќе од 2 или 3 средби за да го инспирираат да преземе акција. Но, ако не направи потег, тогаш или не е заинтересиран за врска, или емоции-те биле еднострани. Постои и нешто што се вика степен на интерес, тоа што успеавте да го качите односот од нула на 60 степени, не значи дека тој сака да стасате до 90. А честопати жените ве-лат: „Подобро е да се изјасни дека сака секс, отколку да не се изјасни вооп-што!“ Не може да ве снајде полошо од тоа да не покаже никаква реакција кон вас, па макар и исклучиво сексуална. Да се има малку верба и да се даде шан-са е сосем во ред во денешниот конку-рентен љубовен свет, но се додека зна-ете кога е време да го кренете белото знаменце и да се предадете.

Page 33: Unique17-MAJ-issuu

110 UNIQUEМАЈ 2011

ПИЈТЕ ЧАЈ ЗА ПОБЛЕСКАВА НАСМЕВКА!

Заедно со калиумот, кал-циумот и натриумот, тој е еден од основните неоп-ходни елементи за правил-но функционирање на ор-ганизмот. Бидејќи ваше-то тело не го произведу-ва, потребно е секојдневно да го внесувате преку ис-храната, а тој ќе ви по-могне при метаболично-то процесирање на иста-та. Дневната доза за воз-расни жени е ограничена на 320 милиграми днев-но. Денес, научниците веруваат дека магнезиу-мот помага во превенцијата и лекувањето на мно-гу болести како астма, аутизам, срцеви заболувања, епилепсија, ХИВ, сида, мултиплекс склероза, ПМС и лупус. Ќе го најдете во спанаќот, рибата, бадемите, кафениот ориз...

20 МИНУТИ енергични вежби, пет пати во неделата, се доволни за да се

редуцираат симптомите на ИБС (иритабилен цревен синдром - болки во абдоменот, дијареа,

опстипација).

БРЗ ФАКТ

Број 1 забрзувач на метаболизмот

МАГНЕЗИУМ

Дали некогаш сте ја ставиле вашата диета на облог? Луѓето полесно ја поднесуваат диетата кога се во прашање пари, покажала малата студија спроведена во САД. Истра-

жувачите го прегледувале планот за слабеење на испита-ниците и правеле споредба помеѓу оние кои се обложиле во пари дека ќе ги симнат килограмите и оние кои не се обло-жиле. Испитаниците кои освен диетата, поднеле и фи-нансиски товар, симнале 9 кила за 8 месеци; оние кои не-мале пари да изгубат, во просек ослабеле за едно кило.

Но, после 9 месеци откако завршил режимот, пого-лемиот дел од испитаниците ги вратиле килогра-

мите. Што значи диетата трае се додека по-стои предизвик и мотив за тоа. Затоа

поставете си долгорочен облог и слабејте на здрав начин.

Сакаш да се обложиме дека ќе ослабам?

МОТИВ - најефикасна диета

Living

Моите навикиМОЕ ЗДРАВЈЕ

Ако кафето е виновно за жолтите заби, утринскиот чај може да биде причината поради која ќе добивате комплименти дека можете да рекла-мирате паста за заби. Недамнешна-та јапонска студија потврди дека полифенолот присутен во чајот, може да ги спречи болестите на непцата. Нивото на бактеријата CXL 10, што најчесто предизвикува инфекција на непцата, а во полошите случаи поттикнува кариес, се намалу-вало во присуство на полифенол. Ут-врдено е дека зелениот чај како на-питок има најголема количина на по-лифенол. Една шолја зелен чај сод-ржи 300-400 мг. под услов чајот да е доволно густо припремен, или струч-но кажано, ако содржи сува материја од 8-12%.

Page 34: Unique17-MAJ-issuu

Голема е веројатноста дека кај вас не се случу-ва процесот на овулација, што по правило тре-ба да се случу-ва секој месец. Ова и не треба да ве загрижу-ва толку, освен ако се обидува-те да забремени-те. Постојат на-

чини и медикаменти со кои се провоцира исфрлањето на јајце клетка. Во поголем број случаи, ваквиот проблем се решава сам од себе. Не знам на која возраст сте, но ако менструацијата кај вас е застапе-на само неколку години, тогаш е вооби-чаено да се соочувате со нередовен ци-клус што со текот на времето се средува.

Лековите за регулирање на биполарно-то растројство, се најтешки за справување во по-глед на бремено-ста. Генералното правило вели дека морате да ги изме-рите ризиците и бенефициите. Сѐ зависи од тоа кол-

ку се сериозни симптомите во периодот кога ќе решите да забремените, бидејќи биполарното растројство може да има се-риозни последици врз мајката, особено во поглед на поврзувањето со детето. По-големиот број од достапните информа-ции велат дека консумирањето celexa за време на бременоста, не го зголемува ри-зикот од раѓање дефектен плод. Што зна-чи ова е одличен начин да се контроли-ра депресивната страна од растројството. Но, за да се контролира и маничната страна, неопходен е lamictil што се пока-

Не постои ника-ков начин за да бидете сигур-ни, освен да ја проверите тиро-идната жлезда. Опаѓањето на ко-сата најмногу ја поврзувам со ти-роидата. Но, голе-ма е веројатноста да станува збор за хормони, со оглед на тоа што на телото му е потребно вре-ме да се навик-

не да функционира без таблетите за контрацепција. Уште еднаш ќе ве опоме-нам, да не чекате и веднаш да ја провери-те тироидната жлезда за да елиминира-те посериозни последици.

Ова е тешко да се претпостави со оглед на тоа што не знам што точно пиете и во колкави дози. Ако зборуваме за витамини и минерали како калциум, магне-зиум и слично, тогаш нема зош-то да се грижите и слободно пијте ги на дневна база според до-зволената доза. Но, ако мисли-

те на растителните естрогени, тогаш во никој случај не смеете да ги земате на своја рака со оглед на тоа што некои мар-ки се покажале како крајно неефикасни. Многу подобра опција е да се соочите со менопаузата по природен пат со здрава исхрана и спортување.

Испраќајте ги вашите прашања на: [email protected]

Лилјана НачевскаДр. Спец. Гин.акушер

Освен инфек-ции на уринар-

ниот тракт, не сум страдала од сексуално пре-носливи боле-

сти. Она што ме загрижува е не-редовниот мен-

струален ци-клус. Добивам менструација

само 3 или 4 пати во годината.

Пијам lamictil и celexa, но сакам да зачнам. Дали

постои некоја побезбедна за-

мена за овие ле-кови? Сум про-бала и други ле-

кови, но оваа комбинација до

сега се покажала како најефикасна.

Престанав да ги пијам апчињата

за контрацепција пред 4 месеци.

Но, почнаа да ми се појавуваат не-

кои чудни сим-птоми како

ак ни, опаѓање на коса, нередовна

менструација, ви-шок килограми. Ми се чини дека

дошло до хормо н-ски дебаланс. Да - ли сум во право?

Во моментот пијам суплемен-ти за полесно да се соочам со ме-нопаузата. Иако

сѐ уште се соочу-вам бранови на

жештина, поголе-миот дел од вре-мето се чувству-

вам одлично. Но, слушнав дека су-

плементите се штетни за црни-

от дроб. Дали треба да преста-нам да ги пијам?

жал како ризичен за плодот. Во ваши-от случај, неопходно е да разговарате со вашиот лекар за да заклучите дали вре-ди да се ризикува и дали ќе можете да ја поднесете бременоста без лекови барем во првите три месеци.

МАЈ 2011UNIQUЕ 111

Page 35: Unique17-MAJ-issuu

НОЗЕПрекумерната тежи-

на и тесните чорапи може да предизвикаат проблеми со ве-

ните, што пак придонесува да чув-ствувате неподнослива болка во ста-

палата после 8 работни часа поми-нати во омилените потпетици. Зна-

чи, барајте промени во вените и внимавајте на телесната те-

жина за да не ви настра-даат нозете.

КОЖАКога станува збор за

кожа, прва и основна работа што треба да ја проверите се бен-

ките. Правете проверка на секои шест месеци и внимавајте на секоја промена

на симетријата, границите, бојата и дија-метарот на бенките. Појдете на дерма-толог веднаш штом забележите нешто необично. Обрнете внимание и на се-

кое црвенило што до вчера не било таму, особено помеѓу прстите

на рацете – можеби е егзем.

ПРЕПОНИПоткожните влакна и

малите црвени точки се ви-стински давеж, особено кога

треба да облечете бикини и да се подготвите да парадирање на пла-

жа. Доколку често страдате од воспаление на фоликулите во

бикини зоната, побарајте антибактериски лек кај

вашиот лекар.

Kaкo дa нaпpaвuтe...тeмeлнa пpoвepкa нa тeлoтo зa 20 мuнyтu...

По добра партија секс некои сакаат да запалат цигара, други веднаш заспиваат, а трети обожаваат да се милуваат со партнерот. Вие искористете го голото

тело за нешто многу покорисно – негова темелна проверка барем еднаш на шест месеци. Повторуваме: барем еднаш на шест месеци. Во спротивно ризикувате ва-шиот партнер да помисли дека сте хипохондрик, а тоа не е ни малку привлечно.

112 UNIQUEМАЈ 2011

Page 36: Unique17-MAJ-issuu

ГРАДИДобро ви е познато дека

ваша обврска е да ги проверува-те градите еднаш месечно, за навре-ме да ги откриете евентуалните про-

мени. Внимавајте на бојата, големина-та и формата, така што левата града ќе ја напипувате со десната рака и обрат-

но. Нежно притискајте со прстите од пазувите до деколтето, и од клуч-

ната коска до стомакот. Секоја промена пријавете ја кај

вашиот гинеколог.

ОЧИВо очите најлесно се

забележуваат два симптоми: пожолтени белки или бледа вна-трешност на капаците. Во првиот

случај можно е да се работи за забо-лување на црниот дроб, а во вториот

за анемија. Доколку забележите жолтеникави точки на белките,

може да е предупредување за висок холестерол.

ЗАБИЗдравите непца има-

ат бледо розова боја; ако се црвени, тогаш не ги миете заби-

те правилно. Белите точки на за-бите не се причина за грижа, тие

се само знак дека сте претерале со флуорот како деца. Јазикот не тре-

ба да биде мазен и сјаен, бидејќи овој симптом најчесто се

поврзува со анемија.

ВРАТЗадебелувањето,

односно отекувањето на вратот во долниот преден дел најчесто

е симптом на про-блем со тирои-

дата.

ВЕЃИРетко кој би помислил

дека веѓите може да бидат знак на болест. Всушност, до-

колку забележите дека тие стану-ваат се потенки, а не ги скубете, најдобро е да ја проверите тиро-

идната жлезда. Таа е најчесто причина за опаѓање на над-

ворешната половина на веѓите.

КОСАПрвутот и зацрве-

нетата кожа на главата по фенирањето може да се почетна

фаза на себореја, состојба која не тре-ба да ве плаши, но неопходно е да се ле-

кува бидејќи може да дојде до опаѓање на косата. Доколку косата, пак, почне да ви опаѓа ненадејно, веднаш консултирајте

се со лекар. Од друга страна, ако забе-лежите дека станувате повлакнести

по целото тело, можеби се работи за синдром на полицистични

јајници.

РАЦЕ И НОКТИ

Колку пати вашата мајка ги забе-лежала белите точки на вашите нок-

ти и констатирала дека ви недостига вита-мин? Слободно може да ѝ забележите затоа

што не е во право – белите точки се само резул-тат на претходна траума на ноктот. Но, не секоја промена на ноктите е безначајна. Додека верти-

калните линии на ноктите се нормални, појавата на хоризонтални линии укажуваат на хронично заболување и мора да ги провери специјалист. Подигнувањето на ноктите од природното ле-

жиште може да значи дека имате многу ак-тивна тироидна жлезда, а ако изгледа-

ат како кора од портокал со многу мали дупчиња, можеби се ра-

боти за псоријаза.

МАЈ 2011UNIQUЕ 113

Page 37: Unique17-MAJ-issuu

Living

вкусни PARTY рецепти4 „КАДЕ ЌЕ ГИ СМЕСТАМ СИТЕ ГОСТИ?“ – НЕИЗБЕЖНА

ДИЛЕМА КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ЗАБАВА

ВО ДОМОТ. НО, НЕМА ЗОШТО ДА ЈА ОДЛОЖУВАТЕ

ЗАБАВАТА ПОД СОНЦЕТО ВО ВАШИОТ ЗАДЕН ДВОР.

ИЗБЕГНЕТЕ ГИ ПРАВИЛАТА ШТО ВАЖАТ ЗА ЕДЕН РЕСТОРАН

И НАМЕСТО ПОРЦИИ И ПРИБОР ЗА ЈАДЕЊЕ, ПОСЛУЖЕТЕ

ХРАНА ШТО СЕ ЈАДЕ САМО СО ПРСТИ.

САНГРИАПотребни состојки за 6 лица 80 минути 155kcal

1 јаболко200 грама излупени дињи300 грама праски100 грама грозје100 грама шеќер1 кесичка ванилин шеќер700 милилитри црно вино50 милилитри amaretto ликер300 милилитри вода

ПИЦА МАФИНИ Потребни состојки за 6 лица 50 минути 499kcal

4 јајца100 милилитри сончогледово масло½ лажица сол½ лажичка оригано100 милилитри пасирани домати300 грама пченично брашно1 кесичка прашок за печиво80 грама сирење 150 грама шунка50 грама суви домати во маслино-во масло100 милилитри млеко

Начин на приготвување:Убаво изматете ги јајцата со виљушка, додајте масло, сол, оригано и пасираните домати. Постепено додавајте го изме-

Начин на приготвување:Излупете го овошјето и исечкајте го на коцки со иста големина. Измијте го грозјето и секое зрно исечете го на пола. Вака подгот-веното овошје, ставете го во пого-лем сад, сипете го шеќерот и ва-нилата иубаво промешајте. По еден час, сипете го виното, лике-рот, водата и уште еднаш убаво промешајте. Покријте го садот и оставете го да стои во ладилникот преку ноќта.

Начин на пocлужување:Декорирајте ја чашата со овошје и додајте ситнет мраз, особено во топлите летни вечери.

Совет: Пијалакот секогаш се подготвува ден пред служењето. Доколку сакате да биде појак, на-малете го количеството вода.

шаното брашно со прашокот за печиво, сирењето, шунката и сувите домати исечкани на коцки. На крај додајте го мле-кото и мешајте додека да до-биете глатка смеса. Подготве-ната смеса, сипете ја во харти-ените кошнички што претход-но ги наредивте во калапот за мафини. Печете ги во загреа-на рерна на 180 степени околу 25 минути.

Начин на пocлужување:Додека сѐ уште се топли, поси-пете ги мафините со рендано сирење или кашкавал, а може-те и да ги декорирате со зелен-чук формирајќи лик.

Совет: Мафините се добредојдени за сите оние за-бави кога на менито посаку-вате да имате таканаречена finger food и да се ослободите од приборите за јадење.

118 UNIQUEМАЈ 2011

Page 38: Unique17-MAJ-issuu

МАЈ 2011UNIQUЕ 121

SighisoaraSighisoara е еден од 7-те

најпознати саксонски градови во Романија.

Сместен е во средишниот дел од земјата, во историската по-краина Трансилванија. Поточ-но градот е распослан по ре-ката Тарнава во општината Муреш. Старото езеро кое го носи истото име како и гра-дот, е едно од најпознатите средновековни градски езе-ра не само во Трансилванија, туку во цела Европа. Токму затоа езерото е под заштита на УНЕСКО, а од истите при-чини градот стана светско ту-ристичко збиралиште. Гра-дот - тврдина е спектакула-рен споменик на историјата. Кога ќе појдете таму, ќе има-те чувство дека сте допату-вале со временска машина во 12-тиот век. Тука нема да најдете ништо што потсету-ва на современиот свет на кој сте навикнати, а тоа е посе-бен момент за секој турист. Момент што ќе ве направи за-висни од шумовите на анти-

ката. Инаку тврдината се со-стои од 9 кули, висока е 64 ме-три, а датира од 1556 година. Најрепрезентативна е такана-речената The Clock Tower во која на 4-тиот кат се наоѓа ча-совник, уникатен за Романија. Sighisoara била населена од група саксонски колони-сти во текот на 12 век, кои до-шле на позив на унгарскиот крал за да го одбранат крал-ството од Турците. Благода-рение на заслугата на вред-ните Германци, бил изграде-но ова најголемо сведоштво на културата и традицијата на луѓето од тој период. Ако ништо друго, ќе можете да им се пофалите на пријателите дека сте го посетиле родното место и куќата на грофот Дра-кула.Она што не смеете да пропуш-тите да го посетите е црква-та на ридот или Church of the Hill, вреден монумен-тален споменик на тврдина-та изграден во 1662 година. На почетокот имало 300 скали за-

штитени со кров, но по ре новирањето во 1849 годи-на, останале само 175 скали што водат до црквичката. Инаку станува збор за класична лутеранска црква во доцен готски стил во која ќе најдете збир на скрип-ти и фрески. Всушност гратче-то е толку мало, што ќе го раз-гледате пешачејќи. Освен ма-настирите и црквичките, мо-жете да го посетите и Weapon Museum - малечок музеј што содржи колекција на среднове-ковно оружје. Sighisoara е вистински фено-мен на современиот свет. По-стар од поголе-миот број главни европски центри, тој му пркоси на времето и на про-мените, верно чувајќи ја својата аура и борбено спроти вставувајќи и се на ре-алноста на 21 век.

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ДОМОТ НА ГРОФОТ ДРАКУЛА!

НАЈДОБРО ВРЕМЕ ЗА ДА ГО ПОСЕТИТЕСекоја година, во месец јули се случува Medieval фестива-лот на кој се собираат околу 30.000 туристи со што се ду-плира популацијата на гра-дот. Бројни културни настани се случуваат за време на тие 3 денови како театар на отворе-но, музички концерти, филм-ски проекции и слично.

КАДЕ ДА СЕ СМЕСТИТЕ?Hotel Casa Wagner – важи за еден од најдобрите хо-тели во градот пора-ди одличната локација во горниот дел на гра-дот Citadela. Туристите

најчесто го препорачуваат по-ради чистотата.

Living

SighisoaraРоманци

76,06%

Унгарци18,36%

Роми 3,51%

Германци1,92%

Портата на градот

Clock Tower

Page 39: Unique17-MAJ-issuu

ОВА БЕШЕ САМО МАЛДЕЛ ОД НОВИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕНА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА