РЕВИЗИЈА · AZdhgkdZj _a_j\Z 2.038 2.038 :dmfmebjZgZa Z]m[Z ^h[b\dZ - (2.675) 161.167...

31
1 1 РЕВИЗИЈА Проф.д-р Сашо Кожухаров Асс.м-р Цвета Ристовска

Transcript of РЕВИЗИЈА · AZdhgkdZj _a_j\Z 2.038 2.038 :dmfmebjZgZa Z]m[Z ^h[b\dZ - (2.675) 161.167...

  • 1 1

    РЕВИЗИЈА

    Проф.д-р Сашо Кожухаров

    Асс.м-р Цвета Ристовска

  • ПРЕТПРИЈАТИЕ НН

    БИЛАНС НА СОСТОЈБА

    На 31 декември 2010

    (во илјади денари)

    31 декември 31 декември

    2010 2009

    СРЕДСТВА

    Нетековни средства

    Недвиж ности, постројк и и опрема 620.682 418.055

    Нематеријални средства 6.517 1.943

    Одлож ени даночни средства 2.134 -

    629.333 419.998

    Тековни средства

    Залихи 300.604 788.883

    Побарувања од к упувачи 252.034 159.542

    Останати побарувања 97.154 72.664

    Пари и парични ек виваленти 104.106 71.830

    753.898 1.092.919

    ВК УПНО СРЕДСТВА 1.383.231 1.512.917

    ГЛАВНИНА И ОБВРСК И

    К апитал и резерви

    Уплатен к апитал 184.217 184.217

    Зак онск а резерва 2.038 2.038

    Ак умулирана загуба/ добивк а - (2.675)

    161.167 195.710

    Тековни обврски

    Обврск и к он добавувачи 1.208.800 1.304.878

    Останати тек овни обврск и 13.264 12.329

    1.222.064 1.317.207

    ВК УПНО ГЛАВНИНА И ОБВРСК И 1.383.231 1.512.917

  • ДО МИНИСТЕРСТВО НН

    ИЗВЕШТАЈ НА НЕЗАВИСНИОТ РЕВИЗОР

    Ние извршивме ревизија на приложените финансиски извештаи на

    МИНИСТЕРСТВО НН за средствата од Буџетот на Република Македонија, кои што вклучуваат биланс на состојба на ден 31 декември 2010 година и биланс на приходи и расходи за годината која завршува на тој ден и преглед на значајните сметководствени политики и други објаснувачки белешки кон финансиските извештаи. Финансиските извештаи ги опфаќаат сметките на МИНИСТЕРСТВО НН. За финансиски извештаи за годината која завршува на 31 декември 2009 ревизор во својот извештај од 30 април 2010 година изразил мислење без резерва.

    Одговорност на раководството за финансиските извештаи

    Раководството е одговорно за подготвување и објективно презентирање на овие финансиски извештаи во согласност со Законот за сметководство на буџетите и буџетските корисници. Оваа одговорност вклучува: обликување, имплементирање и одржување на интерна контрола која што е релевантна за подготвувањето и објективното презентирање на финансиските извештаи кои што се ослободени од материјално погрешно прикажување, без разлика дали се резултат на измама или грешка, избирање и примена на соодветни сметководствени политики, како и правење на сметководствени проценки кои што се разумни во околностите.

    Одговорност на ревизорот

    Наша одговорност е да изразиме мислење за овие финансиски извештаи врз основа на нашата ревизија. Ревизијата ја спроведовме во согласност со Меѓународните стандарди за ревизија и Меѓународните ревизорски стандарди на ИНТОСАИ. Овие стандарди бараат да ги почитуваме етичките барања, да ја планираме и извршиме ревизијата на начин кој ќе ни овозможи да добиеме разумно уверување за тоа дали финансиските извештаи се ослободени од материјално погрешно прикажување.

  • Ревизијата вклучува извршување на постапки за прибавување на ревизорски докази за износите и обелоденувањата во финансиските извештаи. Избраните постапки зависат од расудувањето на ревизорот, вклучувајќи ја и проценката на ризиците од материјлно погрешно прикажување на финансиските извештаи, без разлика дали е резултат на измама и грешка. Кога се прави таа проценка на ризиците, ревизорот ја разгледува интерната контрола релевантна за подготвувањето и објективното презентирање на финансиските извештаи, со цел да обликува ревизорски постапки кои што се соодветни со околностите, но не за целта на изразување на мислење за ефективноста на интерната контрола. Ревизијата исто така вклучува и оценка на соодветноста на користените сметководствени политики и на разумноста на сметководствените проценки направени од страна на менаџментот, како и оценка на севкупното презентирање на финансиските извештаи.

    Ние веруваме дека ревизорските докази кои што ги имаме прибавено се достатни и соодветни за да обезбедат основа за нашето ревизорско мислење.

    Мислење на ревизорот

    Според наше мислење, финансиски извештаи ја прикажуваат реално и објективно финансиската состојба на МИНИСТЕРСТВО НН - сметките за средствата од Буџетот на Република Македонија на ден 31 декември 2010 година, како и неговите приходи и расходи за годината која што тогаш завршува во согласност со Законот за сметководство на буџетите и буџетските корисници и Правилникот за сметководство на буџетите и буџетските корисници.

    Исто така остварено е законско и наменско користење на средствата кои претставуваат државни расходи и законско и наменско користење на средствата во финансиските трансакции за годината која завршува на 31 декември 2010 година.

    Скопје, 05 Мај 2011 година

    Управител,

    Име и презиме, Овластен ревизор

  • ЦЕЛИ НА УЧЕЊЕТО

    Со изучување на ова поглавје, студентите треба да:

    • Ги разбираат основните дефиниции за ревизијата,

    • Ја знаат целта и предметот на ревизија,

    • Ја знаат разликата помеѓу различните видови ревизии,

    • Ја знаат разликата помеѓу различните видови ревизори, обуките, лиценцирањето и овластувањата,

    • Ја разбираат ревизорската професија.

  • ДЕФИНИЦИЈА (1)

    • Ревизија е независно испитување на

    финансиските извештаи и на финансиските

    информации, со цел да се изрази мислење во

    врска со нивната вистинитост и објективност

    и нивната усогласеност со прифатената

    рамка за финансиско известување.

    • Функцијата на ревизијата е да обезбеди

    кредибилитет/верификација/потврдување на

    финансиските извештаи.

  • ДЕФИНИЦИЈА (2)

    • Ревизијата претставува систематски пристап

    на објективизирано прибавување и

    создавање на докази за економските

    збиднувања и резултати, со цел да се

    постигне одреден степен на ускладеност

    помеѓу постоечките извештаи за работењето

    и однапред поставените критериуми и

    соопштување на резултатите од тоа на

    заинтересираните корисници.

  • ДЕФИНИЦИЈА (3)

    • Систематски пристап,

    • Ја изведува независен и компетентен ревизор,

    • Прибавување докази,

    • Цел –утврдување на состојбата на економските збиднувања и резултати во финансиските извештаи,

    • Усогласеност на финансиските извештаи со поставени критериуми,

    • Ревизорски извештај - соопштување на резултатите на заинтересираните корисници,

    • Ревизорско мислење - со високо, но не и апсолутно ниво на сигурност.

  • УЛОГА И ЗНАЧЕЊЕ НА РЕВИЗИЈАТА (1)

    • Сопственоста на коорпорациите е одвоена од

    управувањето /менаџмент/,

    • Менаџментот ја контролира сметководствената

    евиденција;

    • Последица - тешко е да се очекува дека

    менаџментот секогаш може да има објективен и

    непристрасен став,

    • Потреба - независно и стручно мислење.

  • УЛОГА И ЗНАЧЕЊЕ НА РЕВИЗИЈАТА (2)

    • Улогата, значењето, функцијата на ревизијата е да обезбеди кредибилитет/ веродостојност/ потврдување на финансиките извештаи,

    • Менаџметот - одговорен за подготвување и објективно презентирање на финансиските извештаи,

    • Овластениот ревизор - одговорен за добивање разумно уверување дека финансиските извештаи се ослободени од материјално погрешно прикажувања.

  • КОРИСНИЦИ НА РЕВИЗОРСКИТЕ

    ИЗВЕШТАИ

    • Менаџмент,

    • Сопственици,

    • Кредитори и инвеститори,

    • Деловни партнери,

    • Државата,

    • Јавноста.

  • ЦЕЛ НА РЕВИЗИЈАТА

    • Да овозможи ревизорот да изрази мислење

    дали финансиските извештаи се изготвени,

    според сите значајни аспекти, во согласност

    со утврдената рамка за финансиско

    известување .

    • Да овозможи ревизорот да изрази мислење

    за тоа дали финансиските извештаи

    вистинито и реално ги прикажуваат

    финансиската положба и резултатот од

    работењето.

  • ПРЕДМЕТ НА РЕВИЗИЈА

    Предмет = видот на ревизија

    • Почетоци - испитување на исправноста на деловните книги и сметководствената документација,

    • Финансиски извештаи,

    • Организацијата во целина или пооделни делови,

    • Степенот на економичност и ефикасност,

    • Интерните контроли,

    • Комерцијални договори.

  • РЕВИЗИЈАТА – ПРОФЕСИЈА (1)

    • Дали бизнисот ќе продолжи?

    • Дали фирмата е заштитена од грешки или

    измама?

    • Дали управување е адекватно?

    • Дали базите на податоци се точни?

    • Дали постојат соодветни контроли?

    • Дали менаџментот има веродостојни

    информации за донесување на одлуки?

    • Дали опстанокот на фирмата може да биде

    загрозен поради некои грешки/измами?

  • РЕВИЗИЈАТА – ПРОФЕСИЈА (2)

    • Ревизијата е професија,

    • Независниот ревизор е претставник на

    јавноста (доверителите, акционерите,

    потрошувачите, вработените),

    • Јавниот интерес е колективна корист на

    заедницата на граѓани и институции,

    • Белег на ревизорската професија е прифаќање

    на одговорноста кон општеството, кон

    јавноста.

  • РЕВИЗИЈАТА – ПРОФЕСИЈА (3)

    • Цел на ревизорската професија е:

    - Работење со висок степен на професионализам,

    - Постигнување високо ниво на успешност во работа,

    - Задоволување на јавниот интерес.

    • Ревизорот треба да се обезбеди:

    - Кредибилитет,

    - Професионализам,

    - Квалитет на услугите,

    - Доверба.

    • Кодексот на етика за професионални сметководители на IFAC усвоени од Институтот за овластени ревизори на РМ.

  • ВИДОВИ НА РЕВИЗИЈА (1)

    Според предметот на ревизија:

    • Ревизијата на финансиските извештаи,

    • Ревизија на усогласеност со правила и

    прописи и

    • Ревизија на работење.

  • ВИДОВИ НА РЕВИЗИЈА (2)

    • Ревизијата на финансиските извештаи -

    испитување на финансиските извештаи за да се

    утврди дали тие вистинито и објективно ги

    прикажуваат финансиските податоци во

    согласност со воспоставените критериуми.

    • Критериуми:

    - Меѓународните сметководствени стандарди

    (ЕУ, РМ)

    - Националните закони.

  • ВИДОВИ НА РЕВИЗИЈА (3)

    • Ревизија на усогласеност со правила и

    прописи -го утврдува нивото на усогласеност

    со закони, политики и други државни прописи.

    • Ревизорот - утврдува дали организационите

    делови ги почитуваат законите, интерните

    процедури и правила, стандардите.

  • ВИДОВИ НА РЕВИЗИЈА (4)

    • Ревизија на работење - систематизиран и стручен увид во целокупна активност со цел оценка на ефективноста и ефикасноста на користењето на ресурсите.

    • Анализа на сите/некои бизнис активности,

    • Ефективност -мерка која укажува на степенот до кој организацијата ги постигнува своите цели,

    • Ефикасноста покажува како организацијата ги користи своите ресурси за постигнување на целите,

    • Критериуми - повеќе субјективна проценка на ревизорот,

    • Тестовите - проценка на организационата структура, маркетинг, методи на производство, комјутерски апликации, др.аспекти на работење.

  • ВИДОВИ НА РЕВИЗИЈА (4)

    Според органот кој врши ревизија:

    • Интерна/внатрешна ревизијата,

    • Екстерна/надворешна ревизија.

  • ВИДОВИ НА РЕВИЗИЈА (4) • Интерна/внатрешна ревизија е независна

    активност на давање објективно уверување, совет, со цел да придонесе за зголемување на вредноста и подобрување на работењето на субјектот,

    • Помага да се исполнат целите, применувајќи систематски пристап за процена и подобрување на ефективноста во процесите на управување со ризикот, контролата и управувањето,

    • Нужна потреба на менаџментот:

    • Укажува на почитување на законските прописи, примената на интерни упатства,

    • го оценува целокупниот учинок на работењето.

  • ВИДОВИ НА РЕВИЗИЈА (4)

    Видови внатрешната ревизија:

    • финансиска ревизија;

    • ревизија на усогласеност (регуларност);

    • ревизија на системите за внатрешна контрола;

    • ревизија на успешност во работење

    (извршување) и

    • ИТ ревизија.

  • ВИДОВИ НА РЕВИЗИЈА (4)

    • Екстерна/надворешна ревизија - е

    независно испитување на финансиските

    извештаи и на финансиските информации, со

    цел да се изрази мислење во врска со

    нивната вистинитост и непристрасност и

    нивната усогласеност со прифатената рамка

    за финансиско известување;

    • Законска ревизија и

    • Договорна ревизија.

  • ВИДОВИ НА РЕВИЗИЈА (4)

    Според подрачјето на испитување:

    • Комерцијална ревизија и

    • Државна ревизија

  • ВИДОВИ НА РЕВИЗИЈА (4)

    Комерцијална ревизија:

    • Ја врши независен овластен ревизор,

    • На барање на менаџментот,

    • Дава кредибилитет на финансиските

    извештаи = корисниците „веруваат во нив„,

  • ВИДОВИ НА РЕВИЗИЈА (5)

    Државната ревизија:

    • Работите ги врши Државниот завод за

    ревизија.

    • Ја врши овластен државен ревизор и

    државен ревизор,

    Видови на државна ревизија:

    • Ревизија на регуларност;

    • Ревизија на успешност.

  • ВИДОВИ НА РЕВИЗИЈА (6)

    • Државна ревизија:

    • Ревизија на усогласеност/регуларност е постапка на утврдување и оценување на усогласеноста на работењето на субјектот со законите, подзаконските акти и интерните акти,

    • Ревизија на успешноста е процена на економичноста, ефикасноста и ефективноста на работењето и користењето на средствата во дефинирана област на активности или програми.

  • РЕЗИМЕ

    • Ревизијата е систематски пристап,

    • Ревизијата ја врши овластен ревизор,

    • Предмет - финансиските извештаи, усогласеност со закони и прописи или целокупното работење,

    • Цел - да изрази мислење во врска со вистинитоста и објективноста на (предметот) финансиските извештаи,

    • Финансиските извештаи се одговорност на менаџментот,

    • Надворешна и внатрешна ревизија,

    • Комерцијална и државна ревизија.

  • БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО

    E-mail: [email protected]